Дома Фудбал Крос мотивиран: Шпанија нема да ме испрати во пензија!

Крос мотивиран: Шпанија нема да ме испрати во пензија!

Репрезентацијата на Германија утре ја очекува четвртфиналето на Европското првенство во кое оваа селекција ќе игра против Шпанија.

Овој натпревар ако Германија биде елиминирана ќе биде и последен во кариерата на Тони Крос кој најави дека со завршувањето на ЕП завршува и неговата блескава кариера.

Сепак Германецот верува дека ќе одигра уште некој натпревар до финаалето.

„Ќе ми недостига фудбалот, но нема да создавам драма пред пензионирањето. Се надевам дека нема Шпанија да ме испрати во пензија. Ние сме Германија и секогаш имаме највисоки амбиции, а целта ни е освојување на титулата“, кажа Крос.

Дуелот меѓу Шпанија и Германија се игра утре во Штутгарт од 18 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…