Дома Топ вести Баерн конечно го договори трансферот на Палиња

Баерн конечно го договори трансферот на Палиња

Баерн Минхен го договори трансферот на португалскиот репрезентативец Палиња, кој и минатото лето беше пред трансфер на „Алијанц Арена“.

Португалецот игра фантастично во Премиер лигата, а минатото лето беше на чекор од трансфер во Баерн Минхен.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Тој пристигна во Минхен и ги мина лекарските прегледи, но во последен момент Фулам ги промени условите.

Меѓутоа, Баерн не се откажа од намерата да го доведе играчот за врска во Минхен, а и самиот фудбалер инсистираше на овој трансфер.

Сега конечно двата клуба постигнаа договор, па Баерн ќе плати 50 милиони плус 5 милиони како бонуси, а Палиња ќе потпише договор до 2029 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…