Дома Фудбал Бонучи станува дел од репрезентацијата на Италија?

Бонучи станува дел од репрезентацијата на Италија?

Италијанскиот ветеран Леонардо Бонучи во мај објави крај на кариерата, а според последните најави на „Тутоспорт“ сега може да биде дел од стручниот штаб на италијанската репрезентација.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Бонучи веќе разговарал со Спалети и неколку репрезентативци. Негова желба е да биде во фудбалот и понатаму и опцијата да се приклучи на националниот тим му се допаѓа.

Бонучи нема ништо против да започне да се гради како тренер, а таков сличен пат помина и Даниеле Де Роси кој беше помошник на Манчини во репрезентацијата од 2021 до 2022 пред да започне самостојна кариера.

За репрезентацијата на Италија, Бонучи има 121 настап и со своето искуство сигурно би можел да помогне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…