Искусниот Драган Стојков од Струмица го продолжи договорот со Брера откако во јануари оваа година го облече зелено црниот дрес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стојков важи за столб на играта на нашите првотимци и мотиватор на младите со оглед на неговото огромно искуство во домашните и странски фудбалски клубови.
За пролетниот дел од шампионатот Стојков за Брера имаше 12 првенствени настапи при што имаше и една асистенција и тоа во дуелот со Брегалница од Штип
Во својата кариера беше дел од клубови во Грција, Србија и САД. Од 2018 година повторно е дел од мак фудбалот и го носеше дресот на Беласица, Работнички, Тиквеш и Македонија ЃП.