Дома Останати Тенис Швајцарците го обвинија Ѓоковиќ дека лаже за операцијата

Швајцарците го обвинија Ѓоковиќ дека лаже за операцијата

Пред три недели Новак Ѓоковиќ мораше да го оперира менискусот и да се повлече од Ролан Гарос, а сега веќе тренира и го започна Вимблдон каде што славеше сигурна победа во првото коло.

Но, швајцарски медиум се сомнева во тоа дали српскиот ас е опериран.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


„Чудесно излекување на Новак Ѓоковиќ – сега и Србија го има коленото на нацијата“ е текстот на медиумот „Нојe Цирих цајтунг“, швајцарскиот медиум кој преиспитува дали Новак е навистина опериран.

На самиот почеток од текстот се поставува прашањето: Дали новак е навистина опериран или станува збор за блеф?

„Операциите на коленото се деликатни и тоа е познато ширум светот, не само во Швајцарија. Федерер во 2020 година го повреди менискусот додека ја бањаше својата ќерка, еден ден по поразот во полуфиналето од Ѓоковиќ. Мораше на операција и тоа беше почеток на крајот на неговата голема кариера“, се наведува во текстот.

Во текстот се пишува и за изјава на Божидар Маљовиќ кој на локалните медиуми наводно им пренел дека чичкото на Новак му пренел дека Ѓоковиќ не бил на операција.

По таа изјава на Маљковиќ, Ѓоковиќ и самиот се огласи и потврди дека е опериран, сепак швајцарскиот медиум се повика на таа изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го победи Руне и испрати силна порака до публиката🎥

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Холгер Рубе со 3:0 во сетови и се пласира во чет…