Арјен Робен во 34. година ја заврши својата репрезентативна кариера откако Холандија не успеа да се пласира на СП во Русија.
Натпреварот против Шведска за Робен беше последен во репрезентативниот дрес, кој го носеше од 2003. година, а неговата одлука да каже „збогум“ на Холандија ја прокоментира и новиот тренер на Баварците, Јап Хејнкес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Холандија му даде на светот играчи како Кројф, Гулит, Ван Бастен, Рајкард. Сметам дека Робен дефинитивно треба да има место на таа листа“, истакна Хејнкес, пренесуваат странските медиуми и додаде:
„Тој е професионалец каков што ретко можете да видите, а малкумина имаат толкав мотив за напредок“, истакна Германецот.
Робен за репрезентацијата на Холандија запиша 96 настапи и постигна 37 погодоци. Покрај тоа има и 29 асистенции зад своето име, забележувајќи неверојатна статистика.