Дома Останати Кошарка Евробаскет Заокружено првото коло во Евролигата: Барса се врати на голема врата и го демолираше Панатинаикос

Заокружено првото коло во Евролигата: Барса се врати на голема врата и го демолираше Панатинаикос

Со убедлива победа од 98:71, кошаркарите на Бараселона славеа над Панатинаикос на крајот од првото коло во Евролигата.

Барселона го сруши отпорот на противникот во второто полувреме, а потоа ја зголемуваше разликата по што на крајот им нанесе катастрофа.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Кевин Серафин беше најдобар на мечот со 24 поени и осум скока, а одличен во победничкиот тим беше и Адријен Моерман со 16 ппоени и 11 скокови.

Никос Папас беше најпрецизен кај Панатинаикос со 20 постигнати поени.

Екипата од Атина инаку, ја предводеше Чави Пасквал, некогашниот тренер на Барселона.

Барселона во следното коло гостува кај Црвена Звезда, додека Панатинаикос ќе ја дочека екипата на Бамберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Гобер тргна кон Јокиќ, но удри во „ѕид“ (Видео)

Кошаркарите на Денвер денеска ги победија Минесота во Минеаполис со резултат 123:112 во на…