Meдиумите во САД пренесуваат дека раководството на Денвер започнало преговори со Клеј Томпсон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Томпсон важи за еден од најдобрите шутери во НБА, но зад себе има лоша сезона и не е задоволен од она што му го понудиле во Голден Стејт.
Поради тоа се најавува дека ќе замине. Американскиот „Атлетик“ објави дека за него е заинтересиран Денвер, а како можна опција се споменува и Филделфија.
Денвер со Томпсон сака да го засили тимот за да го врати шампионскиот прстен. Томпсон е четирикратен шампион со Голден Стејт и овој тим го драфтуваше како 11. пик во 2011 година.