Дома Фудбал Англија Саутгејт доби две добри вести пред осминафиналето: Англија конечно ќе има лев бек

Саутгејт доби две добри вести пред осминафиналето: Англија конечно ќе има лев бек

Репрезентацијата на Англија не блескаше во групната фаза на Европското првенство, но сепак заврши како првопласирана пред Данска, Словениај и Србија.

Англија така во осминафиналето на 30. јуни ќе игра против Словачка во Гелзенкирхен. Пред тој натпревар објавено е дека на располагање на селекторот Герет Саутгејт ќе биде и Лук Шо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шо на Европското првенство дојде со повреда, но бидејќи Англија имаше проблем со левата бековска позиција Саутгејт одлучи да го чека. Во негово отсуство Трипие играше како лев бек.

Исто така за натпреварот со Словачка во репрезентацијата ќе биде и Фил Фоден кој пред два дена го напушти кампот поради приватни причини, а сега се враќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…