Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Германците бараат Нагелсман да тргне еден играч од стартниот состав за осминафиналето

Германците бараат Нагелсман да тргне еден играч од стартниот состав за осминафиналето

Германската фудбалска јавност не го сака Каи Хаверц во стартниот тим за осминафиналето.

Во Германија беше направена анкета според која навивачите сметаат дека селекторот Нагелсман треба да му даде предност на Никлас Фулкруг од првата минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хаверц беше стрелец на гол од пенал во првиот натпревар со Шкотска, но потоа со Унгарија и Швајцарија не одигра на некое високо ниво.

Навивачите се незадоволни што Нагелсман и понатаму го форсира. Во анкетата која ја направи „Билд“ и во која учествуваа над 140.000 испитаници дури 90% од нив бараат Хаверц да не биде стартер.

Дали и Нагелсман така мисли ќе видиме кога ќе започне осминафиналето…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Екипата на Брера Струмица важни три бода на гости кај Арсими во Гостивар, триумфирајќи со …