Дома Трансфер зона Медиумите го преселија во Баерн – Чалханоглу се огласи за својата иднина!

Медиумите го преселија во Баерн – Чалханоглу се огласи за својата иднина!

Турските медиуми го поврзуваа Чалханоглу со трансфер вреден 70 милиони евра во Баерн, но како што стојат работите нема да има ништо од тој трансфер.

Фудбалерот за врска се огласи во медиумите и порача дека е среќен во Интер.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Со оглед на неодамнешните гласини кои кружат во медиумите, сакам да ја искористам оваа прилика директно да зборувам за оваа ситуација. До сега се воздржував од коментирање на шпекулации бидејќи сум фокусиран на турската репрезентација и улогата на капитен.

Сепак, верувам дека е време е да испратам порака. Јас сум исклучително среќен во Интер, имам навистина посебен однос со клубот и со неверојатните навивачи. Ви благодариме за разбирањето и поддршката Форца Интер“, порача Чалханоглу.

30-годишниот фудбалер на овој начин ги реши сите дилеми околу својата иднина. Во редовите на Интер тој пристигна како слободен играч од Милан во летото 2021 година и се покажа како вистинско засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …