Дома Топ вести Анти-допинг комисијата на тренингот на Реал Мадрид!

Анти-допинг комисијата на тренингот на Реал Мадрид!

Утринскиот тренинг на Реал Мадрид доцнеше 15 минути бидејќи во тренинг центарот на најтрофејниот светски клуб, неочекувано во „посета“ пристигна анти-допинг комисијата на УЕФА.

Изненадувачката посета не траеше долго. Неколку фудбалери биле тестирани на недозволени супстанци, после што Зинедин Зидан го започнал тренингот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа процедура е вообичаена, но во Мадрид не се надеваа ќе бидат посетени веднаш после репрезентативната пауза и пет дена пред продолжението од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид во најелитното натпреварување го очекуваат два натпревари во низа против Тотенхем и во овие две средби веројатно ќе биде одлучено прашањето за првото место во групата „Х“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нејмар по тешкиот пораз: Никогаш не сум доживеал нешто слично. Срам ми е.

Вчера вечер, тимот на Сантос доживеа вистински дебакл во натпреварот против Васко да Гама …