Дома Фудбал Победа на Аргентина на стартот на Копа Америка против одличната Канада 🎥

Победа на Аргентина на стартот на Копа Америка против одличната Канада 🎥

Репрезентацијата на Аргентина со победа ја започна одбраната на титулата на Копа Америка, „Гаучосите“ беа подобри од Канада со 2:0.

Одиграа Канада и Аргентина офанзивен натпревар со многу шанси и возбудувања, а на крајот се радуваа светските шампиони.

И покрај динамичното темпо првиот гол го видовме во 49. минута кога погоди напаѓачаот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез. Конечните 2:0 во завршницата ги постави Лаутаро Мартинез.

Лионел Меси имаше неколку добри прилики, меѓутоа не успеа да се запише во листата на стрелци. Во второто коло на 26. јуни Аргентинците ги чека натпревар против Чиле, а во групата е и Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби со три ВАР-поништувања, но само 1.500 гледачи во Гостивар

Шкендија и Вардар одиграа 0-0 пред околу 1.500 гледачи, додека сараевското дерби собра 19.…