Дома Фудбал Првиот голем трансфер во ПЛ: Астон Вила и Челзи направија зделка од 40.000.000 евра!

Првиот голем трансфер во ПЛ: Астон Вила и Челзи направија зделка од 40.000.000 евра!

Левиот бек на Челзи, Јан Матсен нема да остане на „Стемфорд Бриџ“ по враќањето од Борусија Дортмунд, бидејќи негова следна станица е Бирмингем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат англиските медиуми, Астон Вила и Челзи постигнале договор за негов трансфер вреден околу 40 милиони евра.

Матсен не е во плановите на Челзи, бидејќи Енцо Мареска на таа позиција ги има Марко Кукуреља и Бен Чилвел.

Челзи на тој начин ќе заработи солидна сума за играч на кој не смета, додека Емери доби уште еден одличен бек во ротацијата.

Пазарот во Англија полека се вжештува, а пред овој трансфер најактивен беше Кристал Палас, кој го донесе слободниот Камада, како и Чади Ријад од Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Гимараеш веќе се договорил со Арсенал

Бруно Гимараеш неодамна го информираше Њукасл дека сака да го напушти клубот и да премине …