Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Роси: Германците се големи фаворити за освојување на ЕП

Роси: Германците се големи фаворити за освојување на ЕП

Селекторот на Унгарија, Италијанецот Марко Роси синоќа по поразот од Германија изјави дека Германија е голем фаворит за освојување на Европското првенство.

Германската фудбалска репрезентација вчера во Штутгарт ја совлада репрезентацијата на Унгарија со 2:0, во натпреварот од второто коло од групата А на Европското првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Германија се пласираше во осминафиналето, додека Унгарија има само теоретски шанси и мора прво убедливо да ја совлада Шкотска која одигра 1:1 со Швајцарија.

“Бевме вредни. Јас сум горд на моите играчи. Можеме да загубиме од Германија, која има играчи од светска класа. Им кажав на играчите дека нема за што да жалиме. Репрезентациите од светска класа како Германија играат подобро од нас. Мислам дека дека Германија е голем фаворит за освојување на европскиот шампионат“, изјави Роси.

Фудбалерите на Германија во последното коло ќе ги одмерат силите против Швајцарија, додека Унгарија ќе игра против Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Свршеницата на Роналдо објави фотографија од 18 милиони евра (Фото)

Кристијано Роналдо минува низ тежок период во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата п…