Дома Фудбал Шаќири испиша историја: Прв играч во историјата со постигнат гол на шест големи турнири по ред

Шаќири испиша историја: Прв играч во историјата со постигнат гол на шест големи турнири по ред

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири е првиот европски играч кој постигнал гол во шест последователни големи натпреварувања.

Серијата Шаќири ја започната на Светското првенство во 2014 година. Тогаш беше стрелец за Швајцарија против Хондурас, па погоди на ЕП две години подоцна, па на уште едно СП, па на ЕУРО 2020, а постигна гол и на Мундијалот во Катар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неверојатната серија продолжи синоќа во Келн кога постигна убав гол против Шкотска за 1:1

„Сакав да ја искористам грешката на противникот, потоа видов дека голманот излезе повеќе од што треба и си помислив:

Можам да шутнам. Мило ми е и што не ги повредив колената додека славев. Но, секако, важен гол, но и убав. Се надевам дека луѓето ќе ме паметат по тоа“, изјави Шаќири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез во акција: Реал Мадрид синоќа загуби, но пронајде големо засилување?

Реал Мадрид синоќа си создаде тежок предизвик за реваншот, но изгледа дека Кралевите „случ…