Дома Фудбал Српска федерација: Ако УЕФА не ги казни Хрватите и Албанците, нема да играме на ЕП

Српска федерација: Ако УЕФА не ги казни Хрватите и Албанците, нема да играме на ЕП

Хрватска ремизираше со Албанија 2:2 во второто коло на Европското првенство. По многу лошото прво полувреме на Хрватска, Албанците водеа со 1:0, а избраниците на Златко Далиќ во второто полувреме во простор од две минути направија пресврт. Сепак, Хрватска не успеа да го зачува водството и прими гол во 95. минута.

Навивачите на овие две репрезентации претходниот ден се дружеа на улиците на Хамбург во пријателска атмосфера, пиејќи и пеејќи заедно.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Но, на стадионот не помина без инциденти. Албанските навивачи за време на натпреварот скандираа „Убиј го Србинот“, а на крајот од натпреварот неколку навивачи влегоа на теренот. Што се однесува до Хрватите, тие поставија неколку димни бомби зад голот, што можеше да се види и на преносот, а дел од нив им се придружија на Албанците во споменатото скандирање. Тоа скандирање ги налути Србите, па за тоа се огласи генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Јован Шурбатовиќ кој го осуди и порача дека ќе бара казна од УЕФА.

„ФСС ќе бара најстроги мерки од УЕФА, дури и по цена да не го продолжи натпреварувањето. Ова е скандалозно и не сакаме да се повтори“, изјави Шурбатовиќ за РТС, но не прецизираше каква казна очекува:

„Сакаме навивачите кои извикуваа неприфатливи пароли да бидат драконски казнети. Ќе упатиме апел до УЕФА за денешните настани. Тоа нема врска со спорт и фудбал. Не сакаме да го политизираме првенството.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …