Според последните информации од Италија, Андреа Белоти наскоро ќе биде претставен како ново засилување за новиот калчолигаш Комо.
Комо предводен од Сеск Фабрегас од клупата успеа да избори место во Серија А, а сега сака да се засили за и да избори опстанок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најавите во медиумите се дека Комо ќе плати сума од околу 4.5 милиони евра што е прифатливо за Рома и преостанува само уште напаѓачот да ги договори личните услови што не би требало да претставува проблем.
Белоти не е во плановите на Рома за следната сезона, па веројатно и затоа брзо се постигнал договор за негова продажба.