Дома Топ вести Објавен распоредот и во Ла Лига: Столе дебитира против Барса!

Објавен распоредот и во Ла Лига: Столе дебитира против Барса!

Шпанската Ла Лига како и Премиер лигата претходно, го објави распоредот за новата сезона, па така е познато дека Столе Димитриевски ќе дебитира против Барселона.

Сезоната во Ла Лига започнува викендот 17/18 август и во првото коло ќе има неколку интересни натпревари. Секако ќе биде интересно да се види и првиот натпревар во Ла Лига за Килијан Мбапе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Реал Мадрид сезоната ја отвора против Мајорка. Димитриевски со Валенсија ќе биде домаќин на Барселона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против Виљареал.

Барселона и Реал Мадрид во првото „Ел Класико“ ќе се соочат во 11. коло кон крајот на октомври, додека второто е во месец мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Донарума како да бараше „жртва“ – сакаше да се тепа во Зеница (Видео)

Италија трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство. Овој пат, на Мундијалот …