Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско вечерва изјави дека бекот Том Мение кој беше повреден ќе и се приклучи на тимот по натпреварот против Романија на 22 јуни на Европското првенство во Германија.
„Мение ќе се врати за недела и пол, десет дена. Се враќа по мечот со Романија“, изјави Тедеско на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар меѓу Белгија и Словачка во Франкфурт.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тедеско додаде дека Мение е многу мотивиран да дојде на шампионатот и дека е среќа што неговата повреда не била толку сериозна.
Мение се повреди на последниот подготвителен натпревар на 8 јуни против Луксембург.
Натпреварот Белгија – Словачка започнува утре од 18 часот во првото коло на Европското првенство.