Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пукна „петарда“ на стартот на Европското првенство

Пукна „петарда“ на стартот на Европското првенство

Домаќинот Германија со висока победа од 5:1 против Шкотска го отвори Европското првенство.

Германија од самиот старт покажа дека е фаворит и дојде до водство уште во 10-та минута со голот на Флоријан Виртц.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Само неколку минути подоцна Мусијала зголеми на 2:0. Со тоа двајцата 21-годишни фудбалери поставија рекорд. Германија стана првата репрезентација во историјата која имала двајца различни стрелци на еден меч на Европско кои имаат 21 година или помалку.

Пред самиот крај на полувремето судијата Турмап досуди пенал и покажа црвен картон за Шкотска, а сигурен од белата точка беше Хаверц за 3:0.

Германија беше супериорна во целото вторто полувреме и создаде многу шанси. Филкруг зголеми на 4:0, а пред самиот крај Рудгер си посигна автогол и го намали водството. Конечните 5:1 беа дели на Емре Чан со прекрасен гол од шеснаесет метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Јирген Клоп има нова работа: Ќе има петнеделен ангажман

ПО успешната тренерска кариера, која ја замени со улогата на шеф на фудбалските операции в…