Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Фоден пред Европското првенство побарал помош од – гатачка!

Фоден пред Европското првенство побарал помош од – гатачка!

Фудбалските репрезентации на Србија и Англија се среќаваат во недела во првиот натпревар од групата „Ц“ на Европското првенство, а пред овој натпревар сега во центарот на вниманието се најде Фил Фоден.

Фудбалерот на Манчестер Сити непосредно пред заминувањето на турнирот заедно со неговата партнерка Ребека Кук ја посетил гатачката Клои Смит.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Според извештаите кои ги пренесува „The Sun“, Фоден ја ангажирал Клои неколку дена пред почетокот на турнирот во Германија за да ги „прочита“ неговите тарот карти. Смит во изјава за медиумите рече дека уживала во работата со „многу духовните“ Фил и Ребека.

„Многу среќа доаѓа на патот на Фил, тоа е сигурно“, изјави Клои.

Таа исто така истакна дека Фил и Ребека биле многу заинтересирани за таротот, особено поради претстојниот турнир. Исто така таа додала и дека двајцата биле исклучително љубезни и уживала додека им ги „читала“ картите.

Англичаните кои имаат одлична репрезентација со голема еуфорија го чекаат турнирот и веруваат дека можат да дојдат до трофејот откако на минатото Европско првенство беа поразени од Италија во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Лоши вести за Манчестер Сити: Кевин де Брујне го пропушта натпреварот против Њукасл

Денеска од 13 часот и 30 минути фудбалерите на Манчестер Сити му гостуваат на тимот на Њук…