Дома Македонски спорт Мак ракомет Maрио Танкоски ново засилување за Вардар!

Maрио Танкоски ново засилување за Вардар!

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.

Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари. Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година.

„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони, изјави Марио Танкоски.

Танкоски ќе му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски во средината на јули ког апочнуваат подготовките на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Баерн спрема понуда за португаската ѕвезда

Баерн Минхен покажува сериозен интерес за капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш…