Денес започнува Европското првенство со натпреварот во Минхен помеѓу домаќинот Германија и Шкотска.
Може ли Германија конечно на врвот на Европа?
Германците на последните неколку големи натпреварувања не се прославија, односно после 2014 година откако станаа светски шампиони, „панцирите“ не можат да стигнат до пласман за медал. Селекцијата имаше и многу турбуленции во претходниот период, имаа лоши резултати на пријатеските натпревари, па Ханзи Флик доби отказ. Резултатите се поправија со доаѓањето на Нагелсман, па Германија секако мора да се смета во групата на фаворити на ЕУРО. Најголем адут секако ќе им биде фактот што се домаќини па нацијата има големи очекувања и потајно се најдеваат дека после 28 години можат да стигнат до европскиот трон. Кога ќе се види составот на „панцирите“ се гледа дека станува збор за еден одличен тим, со многу ѕвезди, но секако најголем дел од играта ќе зависи од Тони Крос, кој ги игра последните натпревари и најави заминување. Тука се и младите ѕвезди како Виртц, Мусијала… па на стартот Германија секако е голем фаворит бидејќи има и противник по мерка и нема право на кикс.
Шкотска ќе има тешка задача
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкотска до сега не се прославила многу на големите натпреварувања и интересен е фактот дека до сега никогаш не ја поминале групната фаза. Тоа ќе биде тешко и овој пат бидејќи имаат тешка група, а на стартот играат против домаќинот. Шкотска одлично ги одигра квалификациите иако групата не беше воопшто лесна со Шпанија, Грузија… но веднаш на стартот се виде дека оваа селекција може да направи многу кога ја победи Шпанија со два гола на Мектомини. Токму играчот на Манчестер Јунајтед е прва ѕвезда во тимот, но тука се уште Робертсон, Тирни, респектабилен состав кој нема лесно да се предаде. Секако главна цел ќе биде да се мине групната фаза, а доколку Шкотска успее во таа намера ќе направи историски успех.
Веројатни состави:
Германија: Ноер, Кимих, Рудигер, Џонатан Тах, Мителштет, Крос, Андрих, Мусијала, Гундоган, Виртц, Хаверц.
Шкотска: Ган, Портас, Хендри, Тирни, Робертсон, Ралстон, Кристи, Мекгрегор, Мектомини, Макгин, Адамс.
Очекување
Натпреварите на Европско првенство се секогаш неизвесни и непредвидливи, па ги одлучуваат мали детали. Меѓутоа квалитетот и домашниот терен се на страната на Германија, па веруваме дека „панцирите“ ќе стартуваат со победа.