Фудбалската репрезентација на Англија, според цените на фудбалерите, има најголема вредност од сите учесници на Европското првенство.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според порталот „Трансфермаркт“, вкупната вредност на англиските репрезентативци изнесува 1,52 милијарди евра.
Во групата на репрезентации вредни над милијарда се уште Франција (1,23 милијарди) и Португалија (1,05 милијарди).
На четврто место е Шпанија (965), на петтото место се Германците (851), а потоа следуваат Холандија (815), Италија (705), Белгија (584)…
Меѓу фудбалерите пак највредни се Џуд Белингем и Килиан Мбапе проценети на по 180 милиони евра.
