Дома Фудбал Останато Мурињо го прогнозираше освојувачот на Европското првенство, најдобриот стрелец и најдобриот играч

Мурињо го прогнозираше освојувачот на Европското првенство, најдобриот стрелец и најдобриот играч

Европското првенство започнува на 14-ти јуни со натпреварот помеѓу Германија и Шкотска во Минхен и според обложувалниците најголем фаворит е Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, португалскиот стратег Жозе Мурињо не се согласува со таквата констатанција и како прв фаворит ја избра неговата татковина, Португалија. Новиот тренер на Фенербахче смета дека Португалија во финалето ќе ја победи токму Англија.

Како најдобар стрелец на турнирот Мурињо го гледа Хари Кејн, а како најдобар играч Џуд Белингам. Мурињо го прогнозираше и освојувачот на „Златната топка“ и смета дека тоа ќе биде Бразилецот од редовите на Реал, Винисиус Жунор.

Португалија Европското првенство го стартува на 18-ти јуни со натпреварот против Чешка и во таа група се уште Турција и Грузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …