Манчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов 5-годишен договор на Жозе Мурињо, пренесуваат англиските медиуми.
Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ е исклучително задоволно од работата на Португалецот и од прогресот кој клубот го има од неговото доаѓање на клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа сакаат да му предложат нов договор и кое ќе го задржи Мурињо долгорочно на „Олд Трафорд“. Доколку биде потпишан споменатиот договор ќе му гарантира на Мурињо најдолг престој во еден клуб.
„Специјалниот“ потпиша 3-годишен договор во јуни 2016 година и уште во правта сезона освои три трофеи – Комјунити шилд, Луга Купот и Лига Европа.
EXCLUSIVE: Jose Mourinho to become the world's highest-paid manager https://t.co/njY0CXzRq3 pic.twitter.com/7PkSiZF6sB
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) October 12, 2017
Мурињо заедно со Гвардиола е најплатен менаџер во светот со неделна плата од 250.000 фунти, а „црвените ѓаволи“ со новиот договор му предлагаат платата да остане иста, но да има вклучени многу богати понуди во него.