Голем проблем за Зинедин Зидан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Продолжуваат проблемите за Французинот пред продолжението од сезоната.
На листата повредени фудбалери сега се најде голманот Кејлор Навас кој исто така го зафати ФИФА „вирусот“ во текот на репрезентативната пауза.
Навас поради проблеми со мускулот сигурно ќе ги пропушти наредните два натпревари, против Гетафе во Примера и против Тотенхем во Лигата на шампионите.
Покрај одличниот голман надвор од тимот се: Ковачиќ, Карвахал, Бејл и Бензема, додека за среќа од повреди се опоравија Марсело, Тео Ернандез и Крос.
Реал Мадрид гостува кај Гетафе во сабота во 16:15 часот.
