Дома Фудбал Лига на шампиони Борусија сака кога е аутсајдер, а тоа најдобро го знае – Јувентус!

Борусија сака кога е аутсајдер, а тоа најдобро го знае – Јувентус!

По 11 години, Борусија Дортмунд повторно е во финалето на Лигата на шампионите и повторно натпреварот се игра на „Вембли“, а тие и одново се аутсајдери.

Во финалето на сезоната 2012/13 Баерн Минхен беше фаворит против Борусија на Клоп, Баерн беше фаворит, меѓутоа на теренот „милионерите“ одлично се покажаа, а на крајот беа поразени со 2:1.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Но, Борусија беше уште поголем аутсајдер во финалето што му претходеше. На 28 мај 1997 година на Олимпискиот стадион во Минхен, Јувентус важеше за огромен фаворит. Но, играчите во жолти дресови, предводени од Отмар Хицфилд, мислеа поинаку. Тие стигнаа до финалето, го победија Јувентус со резултат 3:1 и се искачија на врвот на Европа.

Колку ова беше голем успех за Борусија, потврдува и фактот што германскиот тим претходно само еднаш стигна до полуфиналето на Купот на европските шампиони, во 1964 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фонсека им даде интересно ветување на новинарите🎥

Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар во Лигата на шампио…