Поранешниот младински репрезентативец Кристијан Трапановски е пред трансфер во дресот на новиот шкотски премиерлигаш Данди јунајтед.
По Бојан Миовски и Давор Здравковски, се очекува Трапановски трет Македонец во најсилниот шампионат во Шкотска следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данди Јунајтед се враќа во елитната конкуренција и битолчанецот би бил едно од засилувања кои би можел да ги донесе менаџерот Џим Гудвин, човекот кој го доведе Миовски во Абердин.
Трапановски има 24 години и веќе неколки сезони е дел од Шкупи од каде ќе се пресели на Островот.