Заминувањето на Килијан Мбапе нема да влијае на политиката на Пари Сен Жермен да продолжи да ги собира француските интернационалци.
Минатата година пристигнаа Лукас Ернандез, Осман Дембеле и Рандал Коло Муани, а летово на мета е Ибрахим Конатe.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоперот на Ливерпул се мачеше со повреди, но кога е здрав е еден од најдобрите во Премиер лигата.
Луис Енрике баш и не му верува на Милан Шкрињар и размислува за засилување на стоперската позиција, а прва мета е Конате.
Французинот ја напушти татковината како 18-годишник кога од академијата на Сошо отиде во РБ Лајпциг како слободен играч.
Во следните четири години, Конате се разви во вистинска насока во германскиот клуб и потоа следеше голем трансфер вреден 40 милиони евра во редовите на Ливерпул.
Конате оваа сезона одигра 37 натпревари, од кои 22 во Премиер лигата, но и покрај споменатите повреди тој е голема желба на Луис Енрике.
Останува да видиме што ќе каже Арне Слот и дали го гледа Конате како партнер на Вирџил ван Дијк.