Вечерва Загреб беше домаќин на ждрепката за Светското првенство во ракомет што од 12 јануари до 2 февруари 2025 година ќе се игра во Норвешка, Данска и Хрватска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонските репрезентативци ќе играат во групата Д во Вараждин, Хрватска со Унгарија, Гвинеја и Холандија.
Познат е и распоредот на натпревари на македонската репрезентација во првото коло ќе стартува против Унгарија на 15 јануари.
Два дена подоцна противници ќе ни бидат Холандија, а на 19 јануари ќе играме против Гвинеја.
Pрвите три репрезентации од групата одат во второто коло каде се формираат уште четири групи. Во четвртфиналето ќе се пласираат првите две селекции од секоја од тие четири групи.