Реал Мадрид во новата сезона ќе влезе без ниту еден претставник од семејството Зидан и таква ситуација ќе биде забележана за првпат во последните 23 години.
Долгата низа започна со доаѓањето на Зидан во 2001 година, а потоа од младинските категории, па до сениорскиот тим настапуваа неговите синува. Со заминување на Тео Зидан од Кастиља тој круг се затвора.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан во Реал Мадрид пристигна во 2001 година и се задржа до крајот на кариерата во 2006 година. Како тренер „Б“ тимот на Реал го водеше од 2014 до 2016 година, а гоелми успеси оствари со тимот од 2016 до 2018 и во вториот мандат од 2019 до 2021 година.
Следната сезона во клубот нема да има никој од семејството Зидан. Низ младинските категории на Реал поминаа: Енцо, Лука, Тео, Елјаз и Лука Зидан.