Дома Топ вести Кимих ја одби Барселона

Кимих ја одби Барселона

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ја одбил понудата на Барселона, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот фудбалер е една од главните трансферни цели на идниот тренер Ханси Флик, а Барселона го сака веќе  подолго време.

Според „Спорт“, Каталонците останале далеку од сумата од 19,5 милиони евра што Кимих моментално ја добива годишно во Баерн Минхен. Во моментов Барселона не може да си ја дозволи таа сума поради финансиските правила и ограничувањата во буџетот за плати.

Договорот на Кимих со Баерн истекува во јуни 2025 година, а во моментов нема индикации дека ќе потпише нов договор, па неговото заминување од „Алијанц Арена“  е се  поизвесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…