Дома Кошарка Еве што прави Јокиќ додека Србите ја чекаат неговата одлука за Олимписките игри

Еве што прави Јокиќ додека Србите ја чекаат неговата одлука за Олимписките игри

Никола Јокиќ беше избран за МВП во регуларниот дел од НБА лигата, но не успеа и да ја одбрани титулата во најсилната кошаркарска лига бидејќи во конференциското полуфинале беа поразени од Минесота.

Не чекаше долго Јокиќ по елиминацијата да се препушти на уште една своја голема страст, а тоа е трките со коњи.

Јокиќ беше снимен како ужива во слободното време со своите коњи во Шведска каде што имаше успех и прослави една победа во трките.

Истовремено во овој период во Србија се чека одлуката на Јокиќ дали ќе се одлучи да игра за Србија на Олимписките игри во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шортс и Рајт без победа во Евролигата, следен предизвик им е меѓусебната пресметка

Валенсија загуби од Барселона со 98-94, а Милано потклекна кај Олимпијакос со 84-78. Шортс…