Дома Останати Кошарка Далас на чекор до НБА финалето

Далас на чекор до НБА финалето

Кошаркарите Далас ја совладаа Минесота со 116:107 во третиот натпревар од финалето на Западната конференција и поведоа со 3:0 во серијата. Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг ги предводеа домашните и сега само една победа ги дели Маверикси од големото финале во НБА лигата.

Далас дојде до триумфот со серија од 14:3. Во последните 12 минути екипите беа изедначени, а резултатот беше 87:87. На крајот од натпреварот Далас прави серија 14:3 и ја добива третата победа во низа.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Најефикасни кај Маверикси беа Дончиќ и Ирвинг со по 33 поени, а на спротивната страна Ентони Едвардс запиша 26 поени.

Играчите на тренерот Џејсон Кид ќе имаат можност да го обезбедат првото големо финале по 13 години ноќта меѓу вторник и среда (2:30 часот) во Тексас.

Ниту еден тим во историјата на НБА не успеал да обезбеди пласман понатаму по негатива од 3:0 во серијата. Само четири екипи успеаја да се изборат за седми натпревар, но на крајот сепак беа поразени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн не размислува за пензија: На 40 години добива договор од 162 милиони долари

Повеќе од две децении Леброн Џејмс настапува во НБА лигата, а иако во декември ќе наполни …