Џанпјеро Гасперини оствари извонреден успех со Аталнта сезонава со која успеа да ја освои Лигата на Европа, а по финалето во Даблин зборуваше дека неговата иднина во Бергамо не е сигурна.
Искусниот стратег призна дека се наоѓа пред одлука и на интересен начин ја долови неговата ситуација зборувајќи дека се чувствува како во среќен брак, но во исто време запознал убава и атрактивна жена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во медиумите се пишуваше дека има понуда од Наполи, меѓутоа по три дена разговори Гасперини донел одлука.
Последните информациите од Италија говорат дека тој ќе остане тренер на тимот од Бергамо и во наредната сезона и тоа веќе му го потврдил на Антонио Перкази, првиот човек на Аталанта.
Ова исто така значи дека Наполи ќе мора да се насочи кон други опции.