Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалските надежи до 19 години подобри од Црна Гора

Фудбалските надежи до 19 години подобри од Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен и доста возбудлив натпревар успеа да оствари минимална победа со 2:1 над соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен натпревар помеѓу овие две селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Нашите млади фудбалери по првиот дел имаа негатива од еден погодок, но по одличното второ полувреме и постигнатите два гола успеаа да слават победа против силниот противник.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Црна Гора прва поведе преку Заковиќ во 26. минута. Гаштаров во 73 минута постигнува погодок за израмнување. Во 86 минута Македонија прави комплетен пресврт и со погодокот на Алмир Подграѓа славеше победа со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ја засили Шкендија

Екипата на Шкендија денеска се пофали со ново име во своите редови. Нов член на клубот од …