Поранешниот репрезентативец на САД, Тејлор Твелман, беше видно изнервиран после поразот на националниот тим од Тринидад и Тобаго од 2:1, после што Американците останаа без пласман на Светското првенство прв пат после 1986 година.
„Од поодамна требаше да се симнат маските, вистинските критики мораа да стигнат порано. После натпреварот против Бразил се отвори дискусија, дали можеме да се надигруваме со селекции како што се Колумбија, Белгија и Аргентина, дали вие се шегувате со мене? Не можеме да го победиме Тринидад и Тобаго! Што ни е правиме?!“, беснееше 37 годишниот Твелман кој сега работи како аналитичар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа Твелман кажа дека американскиот фудбал како систем не бил спремен за овие квалификации и додаде..
„Не беа подготвени за овие квалификации, сите тие фудбалери ќе имаат кошмари до крајот на животот. Со толкави суми на пари кои се вртат во МЛС и во фудбалот, повеќе од милијарда долари, не можеме да одиграме реми против Тринидад? Тогаш е јасно и едноставно, ние не заслуживме да играме на Светското првенство“, зборуваше Твелман.