Дома Македонски спорт Заминување од Струмица: Александар Ристевски ја напушти Брера

Заминување од Струмица: Александар Ристевски ја напушти Брера

Дефанзивецот Александар Ристевски во иднина нема да ги брани боите на Брера Струмица.

Договорот на Ристевски со струмичкиот клуб истече и тој е слободен играч во пресрет на преодниот рок. Тој беше еден од клучните одбранбени играчи на Брера каде што пристигна во јули минатата година, доаѓајки од таборот на Штипска Брегалница.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ристевски дресот на Брера го носеше вкупно на 28 првенствени меча а против Тиквеш се запиша и во листата на стрелци.

Засега не е познато каде дефанзивецот ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…