Дома Фудбал Кјаер објави дека го напушта Милан

Кјаер објави дека го напушта Милан

Симон Кјаер денес и официјално потвди дека ќе го напушти Милан по истекот на сезоната.

Договорот на Кјаер истекува во јуни, а двете страни одлучиле да не ја продолжат соработката, па дефанзивецот во недела ќе го одигра последниот меч за „росонерите“.

Кјаер е цели четири години член на Милан и беше важна алка во тимот кој пред две години ја освои шампионската титула.

„Мојот сон беше да заиграм за Милан и ми се оствари. Мислам дека сега е идеален момент да заминам, но Милан секогаш ќе го носам во срцето“, изјави Кјаер, кој потврди дека ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл го скрши Палас по паузата, Саж под уште поголем притисок

Осулa и Барнс ја донесоа победата од 2-0 на „Селхарст парк“, со која Њукасл се искачи на с…