Дома Фудбал Mилевски: Одговорноста е моја, им се извинувам на сите за овој срамен пораз

Mилевски: Одговорноста е моја, им се извинувам на сите за овој срамен пораз

Селекторот на нашата младинска фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски ја превзема одговорноста од вчерашниот шокатнен пораз од Гибралтар.

Избраниците на Милевски вчера загубија минимално со 1:0 во натпреварот во кои беа огромни фаворити во рамките од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2019 година.

„Нема оправдување за овој срамен резултат, одговорноста е моја. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, како и на Фудбалската федерација која ни ги обезбеди потребните услови за работа“, изјави Милевски.

За Гибралтар ова беше прва победа во квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд ја откри нервозата во Сити: Кога нема победи, се сомневаш во сè

Манчестер сити се спаси од пораз против Наполи со доцен гол на Шерки, но Халанд не ги крие…