Дома Фудбал Италија Дочека: Вечерва во Јувентус се враќа Фаџоли!

Дочека: Вечерва во Јувентус се враќа Фаџоли!

За вечерашниот натпревар на Јувентус против Болоња за настап ќе конкурира и Николо Фаџоли кој беше суспендиран поради обложување.

Фудбалерот од средниот ред беше суспендиран во октомври 2023 година поради коцкање, но неговата првична казна од 12 месеци беше намалена откако редовно ги посетуваше настаните за рехабилитација и соработуваше во истрагата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сезонава Фаџоли одигра само шест натпревари пред суспензијата, а по добивањето редовно тренираше со првиот тим. Со огледн на тоа што овој и последниот натпревар за Јувентус немаат резултатско значење се очекува Фаџоли да добие минутажа.

Ќе потсетиме, вечерва Јувентус ќе биде предводен од Паоло Монтеро откако Масимилијано Алегри доби отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Урнебесна сцена на трибините: Погледнете како еден навивач го следеше натпреварот со Лихтенштајн (Фото)

Maкедонија вечерва го победи Лихтенштајн со 5-0 и така продолжи да сонува дека може да се …