Maнчестер Сити не дозволи драма во последното коло од Премиер лигата и лесно го совлада Вест Хем со што ја потврди титулата шампион во Премиер лигата, па така победата на Арсенал против Евертон за „топџиите“ не вредеше многу.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По натпреварот во кој Сити го совлада Вест Хем, фудбалерот од средниот ред и човекот кој постигнува голови во скоро секој важен натпревар за „граѓаните“, Родри зборуваше за разликата помеѓу двата тима.
Според Родри, разликата помеѓу Манчестер Сити и Арсенал е во менталитетот кој тие го имаат.
„Клучната работа поради која го освоивме трофејот е менталитетот. Арсенал зад себе има неверојатна сезона, меѓутоа менталитетот направи разлика. Кога дојдоа на „Етихад“ забележав дека не сакаат да победат, туку да одиграат нерешени. Ние не размислуваме така“, изјави Родри.