Дома Фудбал Италија Алегри: Ако заминам, оставам силен Јувентус

Алегри: Ако заминам, оставам силен Јувентус

Во сезона во које игра под очекувањата, Јувентус сепак успеа да освои трофејот совладувајќи ја Аталанта во финалето на Купот на Италија со 1:0.

Избраниците на Алегри во првенството стигнаа и до пласман во Лигата на шампионите наредната сезона, но навивачите на „старата дама“ очекуваат повеќе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Алегри по натпреварот зборуваше за медиумите за важноста на овој триумф.

„Јувентус е победа и сè е содржано во оваа реченица. Многу сум среќен за момците, тие завршија добра работа, донесоа радост на клубот, навивачите и мене, па јас сум многу среќен. Победата никогаш не е лесна, но тоа е во ДНК на Јувентус“, изјави Алегри.

Во медиумите се најавува негово заминување од клупата, а Алегри потврди дека клубот ја разгледува неговата ситуација.

„Ако не бидам тренер на Јувентус следната година, со оглед на тоа што тоа сега го разгледуваат луѓето од Јувентус, оставам силен Јувентус. Сега сум тука и од утре ќе работиме за следната победа, останатото е на клубот да одлучи“, истакна Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Циркус на повидок: ФИФА ги крши правилата, Италија ќе добие шанса за Светското првенство?

ФИФА е под голем притисок, а причината е репрезентацијата на Иран. Поради тековните конфли…