Дома Останати Кошарка НБА Незапирливиот Дончиќ го доведе Далас до 3:2 против Оклахома, Бостон прв финалист во источната конференција

Незапирливиот Дончиќ го доведе Далас до 3:2 против Оклахома, Бостон прв финалист во источната конференција

Кошаркарите на Бостон Селтикс се првите финалисти во источната конференција. Тие во петтиот натпревар од полуфиналето го совладаа ослабениот Кливленд Кавалирс со 113:98 и победија во полуфиналето на Истокот со вкупен резултат 4:1. Далас Маверикс се на пат кон полуфиналето на Западот, а по синоќешната победа против Оклахома од 104:92 води со 3:2.

Џејсон Тејтум постигна 25 поени, имаше 10 скока и девет асистенции, а Ал Хорфорд додаде 22 поени, заедно со 15 скока, пет асистенции и три блокади за Селтикси, на кои работата им беше олеснета со неиграњето на Донован Мичел, најголемата ѕвезда на Кливлент.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Предводени од Лука Дончиќ, Далас Маверикс се на чекор до финалето на конференцијата. Тие во серија од четири победи по синоќешниот резултат 104:92 имаат 3-2 против Оклахома, најдобриот тим на Западот во регуларниот дел од сезоната.

Лука Дончиќ реализираше трипл-дабл од 31 кош, 10 скока и 11 асистенции, а Дерик Џонс Џуниор постигна 19. Кај Тандер само еден играч постигна повеќе од 13 поени. Шеј Гилџус – Александер мечот го заврши со 30 поени, шест скока и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…