Стефан Ортега (31) е неочекуваниот херој на Манчестер Сити, откако се прослави со неколку неверојатни одбрани против Тотенхем во вчерашното дерби во Премиер лигата.
Сити го совлада Тотенхем со 2:0, а Ортега одбрани два зицери на играчите на „петлите“ при резултат 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За се да биде уште поневеројатно, Ортега влезе во игра од клупата бидејќи Гвардиола реши да го извади од теренот Едерсон, кој иако повреден сакаше да го продолжи натпреварот.
Ортега спаси две ситуации„ еден на еден“ на Сон и Кулушевски, а Гвардиола по натпреварот упати пофалби кон него.
“Го прави откако дојде во клубот. Видовме претходно каков голман е. Не спаси во овој натпревар, ако Тотенхем постигнеше гол во тие ситуации Арсенал веројатно ќе беше шампион. Ортега е еден од најдобрите голмани кои сум ги видел во ситуациите „еден на еден““, изјави Пеп по натпреварот.
Шпанецот откри и кој е најзаслужен за доведувањето на Ортега на „Етихад“, а тоа е Хабиер Манчисидор, тренерот на голманите на Сити.
„Нашиот тренер на голманите Хабиер Манчисидор направи неверојатна работа кога избра да го доведе“, додаде Гвардиола.
Ортега во Сити пристигна од Арминија од Билефелд, а интересно е што „граѓаните“ не платија ниту цент за трансферот бидејќи тогаш на Ортега му истече договорот со германскиот клуб.