Дома Фудбал Куртоа скоро цела сезона беше повреден, а вчера покажа зошто е еден од најдобрите во светот 🎥

Куртоа скоро цела сезона беше повреден, а вчера покажа зошто е еден од најдобрите во светот 🎥

Белгиецот на голот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа конечно се врати на зелените терени откако цела сезона ја мина надвор од теренот поради тешката повреда што ја доби на почетокот на сезоната.

Искусниот чувар на мрежата ги повреди лигаментите на коленото во август, за да се врати на тренинзите на Реал во март кога повторно се повреди.

Тој чекаше до 4. мај и натпреварот со Кадиз да се врати на стативите, а оттогаш бранеше на сите три натпревари на Реал во Примера. Во тие натпревари Реал постигна 12 гола, а не прими ниту еден. Голема заслуга за тоа има токму Куртоа.

Во вчерашниот натпревар против Алавес кој Реал го доби со 5:0, Куртоа во 57. минута имаше фантастична одбрана кога шутираше Јанис Хаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…