Дома Фудбал Италија Торино повлече чекор: Нов договор и нови услови за Михајловиќ

Торино повлече чекор: Нов договор и нови услови за Михајловиќ

Италијанските медиуми пишуваат дека челниците на Торино му понудиле нов, посилен договор на Синиша Михајловиќ.

На Михајловиќ моменталниот договор му истекува во јуни следната година, а од неговата работа клубот е задоволен и постои желба за продолжуивање на соработката и тоа на најмалку уште една сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Некогашниот селектор на Србија во Торино моментално заработува 1,5 милиони евра по сезона, а претседателот на клубот Каиро, како што наведува Тутоспорт ќе му понуди на Михајловиќ зголемување на платата.

За потсетување, Михајловиќ на клупата на Торино е од мај 2016. година. Новата сезона во Серија А ја стартуваше одлично и во првите седум кола се наоѓа на шестата позиција.

Во клубот се уверени дека со Михајловиќ би можеле да остварат целите, кои меѓу останатото се сведуваат на пласман во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…