Дома Топ вести Oфицијално: Варан следната сезона нема да игра за Манчестер Јунајтед

Oфицијално: Варан следната сезона нема да игра за Манчестер Јунајтед

Рафаел Варан сезонава мака мачи со Ерик Тен Хаг кој често пати го оставаше на клупата за резерви.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уште од почетокот на сезоната се пишува за несогласување помеѓу францускиот дефанзивец и холандскиот стратег, а сега е потврдено дека Варан следната сезона нема да биде дел од Јунајтед.

Не играше во Јунајтед како што очекуваше и оваа сезона запиша 21 настап во Премеир лигата, а во сите натпреварувања 30. Во просек на теренот поминуваше по околу 60 минути и постигна еден гол.

Во редовите на Манчестер Јунајтед пристигна во 2021 година од Реал Мадрид и вкупно собра 93 настапи, постигна два гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…